„Биенвенидо Сењор Рашко“ му посака Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на Драги Рашковски денеска на скопскиот аеродром каде го пречекаа од одморот во Мексико.


Поранешниот генерален секретар на Владата замина на одмор во егзотичната прекуокеанска дестинација без разјаснети дилеми околу спорната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, а јавноста му замери и за тоа што патува на примамливо место за време на пандемија. Во последната изјава Рашковски рече дека нема да го прекине одморот, односно дека во Мексико останува до 31 март, а правните дилеми околу набавката ги остава на институциите.

Премиерот Заев рече дека лично се уверил дека во набавката нема ништо спорно, но апелираше надлежните институции да го проверат случајот. Претходно најави дека Владата со документи ќе докаже дека софтверот не е купен попусто и дека е наменет за МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.