Вишото јавно обвинителство Скопје се согласува Драги Рашковски да излезе од притвор со гаранција, потврдуваат за „360 степени“ од обвинителството.
Ваквиот став на второстепената обвинителска инстанца следи по жалбата на Рашковски на продолжувањето на мерката притвор против него во втората половина на мај од страна на Кривичниот суд во Скопје.
Од обвинителството, на прашањата на „360 степени“ објасниле и дека понудената гаранција е во висина од околу 500 илјади евра.
Тоа што Вишото обвинителството се согласува Рашковски да излезе од притвор не значи и дека тоа на крај ќе се случи. Обвинителството само дава мислење, а одлуката ја носи Судот.
Во случајот, надлежен за конечната одлука е Апелациониот суд во Скопје кој треба да одлучи по жалбата.
Повеќе на „360степени.мк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.