Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски реагира на текстот објавен во „Република“ дека вработена во Генералниот секретаријат е заболена од Ковид 19.
Рашковски не демантира дека имаат заболена од корона ниту дека таа во периодот пред да ги добие првите симптоми доаѓала на работа во канцеларија која ја делела со уште 15 вработени.
Вработената 15 денови доаѓала на работа а Рашковски дури сега се сети да реагира.
Сите вработени во Владата кои имале непосреден контакт со вработениот кој е позитивен на Covid-19 ќе бидат во самоизолација во наредните 15 дена, согласно воспоставената комуникација и добиени насоки од надлежните институции во Република Македонија. Владата на Република Македонија му посaкува брзо опоравување на вработениот и со нетрпение го очекува
неговото враќање на работа-стои во реакцијата на Рашковски.
Ние прашуваме дали за ова Рашковски ќе сноси одговорност и зошто случајот се криел од вработените. Уште поважно е дали Рашковски ќе оди во самоизолација. Вработени брифираат дека состојбата во просториите на Владата е катастрофална, нема средства за дезинфекција на раце, а вработените од дома си носат маски и ракавици.
Затоа, „Република“ нема намера да се извинува, уште помалку да го повлекува текстот, и напоменуваме дека стоиме зад напишаното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.