Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, купил викендица на луксузна локација во Маврово, која ја нема пријавено во анкетниот лист во Државната Комисија за Спречување на Корупцијата – покажуваат документите до кои стигна „Лидер“.

Куќата Рашковски ја купува со својата скромна плата како прв административец во владата на СДСМ.

Со истата таа плата и платата која претходно ја имаше како универзитетски професор, според анкетниот лист во ДКСК тој си има купено и стан од 90 квадрати, земјоделско земјиште од 2089 метри квадратни, мотор Kawasaki Ninja, мотор BMW 650 GT, автомобил Волво 760, мотоцикл Хонда Голдвинг и гаража во Скопје.

Практично, Рашковски ја купува оваа куќа само неколку месеци откако „Лидер“ и „Експрес“ го објавија скандалот за барање на провизија во „М-НАВ“, во кој објавивме снимки како Рашковски бара провизија од италијанската компанија „Леонардо“. Овој скандал се уште нема судска разрешница, но првиот човек на административците во владата, според документите кои ги објавуваме, веќе почнал да се подновува со имот.

По Скандалот „М-Нав“, Рашковски беше дел и од скандалот за набавка на хеликоптери.

Купопродажниот договор до кој стигна „Лидер“ покажува дека Рашковски ја купил оваа викендица која се наоѓа во близина на мавровското езеро на една од најатрактивните локации во овој крај, во близина на куќата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.



Останува да видиме дали анти-корупциската комисија ќе реагира за набавувањето на оваа викендица, за која „Економски Лидер“ најавува подетална истрага наредните денови.

Во прилог, слушнете ја аудио бомбата на Рашковски за „М-Нав“, која лидер ја објави минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.