Заев е бранител на криминалот на Рашковски кој и понатаму може да влијае на сведоците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Рашковски си дојде со рацете во џебот во судот, а си замина во својот дом наместо во затвор. Луј Витон судството покорно ги слуша нарачките на Заев, се вели во соопштението од паријата.

Потсетуваат и што зборуваше премиерот Зоран Заев за случајот со поранешниот генерален секретар.

„Немам сомневање дека сè е чисто“, рече Зоран Заев за случајот со Рашковски. Со ова Заев му дава легитимитет и институционална покриеност на Рашковски и неговите дејствија, дека тие дејствија се дејствија на владата, т.е. на него лично.

Зоран Заев потврдил дека стои зад Драги Рашковски и набавката на неговиот софтвер. Сега Рашковски е приведен, а Заев на слобода. Ако Рашковски постапувал согласно причините и кои ги знаел и одобрил и Заев, тогаш најмалку што треба е Заев да биде дел од постапка уште веднаш!

Во истата изјава Заев продолжува – „Овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи, ова е правено со причина. Не ни текнало нас седејќи во Владата ‘ај ќе правиме софтвер’. Имало потреба за тоа, затоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства“.

Набавката на софтверот на Рашковски е идеја на Владата и Владата стои зад него, тоа е дел од политиката на владата, тоа го кажал Зоран Заев лично, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму го повикуваат Јавното обвинителство веднаш да го повика премиерот Заев на распит и да го прошири случајот и кон него.

Имаме јавно признание на Заев, кое е доволен доказ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.