18 октомври 2018 година Генералниот секретар на Македонската Влада Драги Рашкоски заедно со претседателот на управниот одбор на М Нав Николче Тасески и шефот на кабинет на министерот за транспорт Митко Тајчулески договараат понуда за јавна набавка за нов АТМ систем за контрола на летање од италијанската компанија Леонардо.
Вкупната сума на набавката е 7 милиони евра, финансирани од ЕБРД. Иако знаат дека компанијата не ги исполнува целосните критериуми тие ја добиваат набавката.
Притоа блискиот соработник на Заев, Рашкоски ги навредува Италијаните и нивната држава.
Тој вели:
Со италијани лесно се договараш тешко исполнуваш, со Германците е обратно тешко се договараш, после лесно исполнуваш. Со италијаните ќе биде нема проблем, ама…исто како балканци. ЦИГАНИ
Државата им била исто 38 посто сопственик на компанијата. Амбасадорот дојде кај мене и рече 38 посто од компанијата (леонардо) е сопственик државата. Но и тие (Италија) се еби ветар држава.
Ти викам италијани може да каснат. Се може со нив. Исто се како балканците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.