Роберт Милески на својот Фејсбук профил напиша статус со кој ја поддржа министрката Рашела Мизрахи, потенцирајки дека таа го вратила погазеното достоинство на Македонците, барем за кратко.
Рашела, те љубам! ❤️ Ни го врати погазеното достоинство нам Македонците, барем за кратко. Повторно бликна македонскиот зрак во моето срце! Издржи, те молам, за нас, за Македонија!
Овие кукавици кои денес повикуваат на кршење на Уставот и се закануваат со членови од кривичниот законик за брзо ќе се најдат на буништето на историјата, веднаш до Коте од Руља и сличните. Ќе бидат така поразени, што ќе исчезнат како злосторничка антимакедонска мафијашка организација. Биди сигурна во тоа. Да не зборувам дека токму тоа што го говорат ќе биде применето против нив, оти токму таа злосторничка банда спротивно на нивните заклетви дека ќе го бранат Уставот, потпишаа нелегален договор, потпишан од министер којшто нема право да потпишува такви договори, извршија насилна промена на Уставот со методи на сицилијанската мафија или на јапонските Јакуза. Сé ќе им се удри од глава, денови се во прашање. Стравот и паниката се гледаат во нивните очи, во бојата на нивниот глас, во нивното панично однесување.
Издржи! За Македонија се работи!
Една земја, една љубов, една татковина – име и е Македонија! , стои во статусот на Милевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.