Завршува периодот кога четири члено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари, порача на фејсбук техничкиот министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Да не заборавиме дека секој орган на државната управа, како дел од извршната власт, е основан за областите и подрачјата кои се од значење за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните и правните лица. Од нивната работа зависат илјадници човечки животи.

Ова е голема одговорност но и чест, бидејки малкумина од нас имаат можност во нивните животи да испишат историја. Завршува периодот кога четири члено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари.

Само со честитост, законитост и меѓусебно почитување може да се постигне тоа. Ние можеме и имаме доволно ресурси да успееме!! Мотивот е огромен, а предизвиците се пред нас!, напиша на фејсбук Мизрахи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.