Рашела Мизрахи на Божик беше со Здружението на лица со церебрална парализа од велес во организација на Повардарската епархија. Таа на својот фејсбук профил напиша:

На овој голем ден кога православните верници го празнуваат Божиќ, имав чест да бидам дел од божиќната трпеза во организација на Повардарската епархија и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес.

Заслужуваат поголемо внимание од општеството. Тоа се луѓе херои, вистински херои…нивната среќа е најдрагоценото нешто што може да израдува.
Среќен Божиќ!

Дополнителниот технички министер за Земјоделство Цветан Трипуновски денеска по повод Божиќ беше во посета на црквата Свети Атанасиј Велики во Неготино.

Утрово ја имав честа да присуствувам на Божиќната литургија во црквата Свети Атанасиј Велики во Неготино.

Сакам да им го честитам овој голем празник на сите граѓани на Република Македонија кои го слават Христовото раѓање – Божиќ и им посакувам многу здравје, радост и среќа!

Христос се роди! Навистина се роди! Честит празник!, напиша на Фејсбук, Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.