На шестиот ден од кампањата, на премиерот и лидер на СДСМ веќе му се стемни на митинзите. Дали од народот, дали од „големата“ поддршка, за многу скоро ќе видиме.
Инаку, во Делчево Заев соопшти дека е донесена одлука за измена на методологијата за пресметка на пензиите, според која пензиите ќе растат не само според растот на цените на мало, туку и со растот на просечната плата.
Сакам да објавам дека од 1 јануари пензиите ќе растат согласно растот на цените на мало и согласно растот на просечните плати, односно секој 1 јануари и секој 1 јули ќе имаме видлив пораст раст на пензиите, истакна Заев.
Тој нагласи дека досега пензиите растеа само согласно растот на цените на мало.
Секаде во Европа, во државите кои направиле економска сигурност на својот пензиски фонд и на својот буџет е вграден и вториот механизам, а тоа е порастот на просечните плати, рече Заев.
Тој додаде дека кај нас просечните плати растеле 10 пати повеќе во проценти од растот на цените на мало.
Ние градиме фер општество да им помогнеме на највозрасните граѓани на земјата, затоа што тие им помагаат на своите деца и внуци, парите ги трошат, а овие пари ќе бидат благодет за развој на севкупната економија во земјата, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, од Делчево.
Заев во Делчево зборуваше и за 550 милиони евра вложени во локални проекти на општините
550 милиони вложивме за локални проекти, без општините да имаат обврска да ги враќаат парите, прво со 50 милиони ги раздолживме, а уште со 500 милиони евра ги помогнавме финансиски, порача Зоран Заев на денешната трибина во Делчево.
10 милиони евра ваши, народни пари преку централниот буџет ги вложивме овде во Делчево, преку финансирање на проект за Делчево и за овој регион. При тоа, да не заборавиме дека ја качиввме минималната плата од 9.000 на 15.277 денари и тоа фвежно затоа што ја отвори спиралата на раст на сите плати, затоа денеска имаме просечна плата повисока за над 6.000 денари отколку пред четири години, посочи Заев.
Претседателот Заев истакна дека за разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ парите ги насочува кон граѓаните и нивните потреби.
Наместо во барок, во споменици и палми, вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Сето она што значи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. Нашите кандидати за градоначалници и советници се понуда за модерните развојни текови, нивната се излитени кадри кои биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот на Груевски.
Ние градиме темелно, тие со промашени проекти. Ние планираме капитални проекти за долгорочен развој, тие мачкаат очи со стиропорни фасади кои се распаѓаат. Ова е очигледна разлика и таа разлика треба да ја потврдите на 17 октомври преку глас за бројот 12 глас за Горан Трајковски, глас за СДСМ, порача Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.