Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција, по новинарско прашање, истакна дека се уште е рано да не се носат маски на отворено.

Лично сметам дека е рано, се уште, сепак е потребен поголем опфат со вакцинација, но во исто време треба мерката да има логика поради топлото време, рече  Филипче.

Тој додаде дека уште најмалке една недела е потребно време за да се одлучи за понатамошно олабавување на мерките, односно наредниот понеделник кога ќе се направи пресекот на две недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.