Во медиумите се појави список на патници во автобусот кој ноќеска се запали во Бугарија, во кој загинаа 45 патници. Но жртвите во страотната автобуска несреќа во Бугарија со 45 загинати, што се случи ноќеска во која изгоре автобус со македонски таблички, се изгорени до непрепознатливост според првичниот увид, и идентификацијата ќе се врши со ДНК анализа. Така што прерано е да се зборува за конкретни имиња на загинати во несреќата.

Истрагата ќе ја води Бугарското обвинителство. Но, на местото на несреќата веќе е тргната екипа од Крим техника од МВР за асистенција на тамошните истражни органи.

Во моментов е невозможно ни оддалеку да се знае кои македонски граѓани биле во изгорениот автобус. Во турата имало 4 автобуси превезувани од иста туристичка агенција од Скопје, но постои можност патници да се менувале по желба со местата, од автобус во автобус. Затоа не може засега да се зборува за список на загинати патници. Патниците на оваа екскурзија, според неофицијалните податоци, се од повеќе градови од Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.