Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конфернеција посочи дека се уште е рано да се отворат границите, наведувајќи дека ја следат ситуацијата и ги анализираат бројките, па понатаму ќе донесат одлука.
Сметам дека сега е се уште рано да ги отвориме границите заради тоа што тоа е дополнителен ризик и кон околните земји, ако патуваат луѓе од региони во кои има повеќе пацинети кај нас, а и при враќањето секако. Патувајќи се зголемува ризикот од појава на случаи кои, на некој начин, би го донеле вирусот од некој од соседните земји. Во таа смисла ќе ги правиме проверките на податоците, ќе ги анализираме бројките па ќе носиме одлука за границите. Утрово утврдивме дека денеска е рано да се дискутира за тоа, но ја имаме цела недела пред нас, истакна министерот, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се отворат границите во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.