За денешните настани од 27 април сведочеше Даниела Рангелова, која во периодот 2016 и 2017 година беше претседателка на Унијата на жени и член на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и пратеничка.

Таа рече дека не присустувала на ниту една седнцица на партијата на која се дискутирало за организирање на протести.

Унијата на жени пак воопшто нема надлежност да носи одлуки за протести, туку се занимава со други работи, појасни Рангелова.

Додаде и дека како претседателка на Унијата никогаш не повикала на членки да се приклучат на протестите на 27 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.