Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денеска потврди дека Рамиз Мерко повторно ќе биде кандадат на ДУИ за градоначалник на Струга.
Груби, кој во Струга учествува на трибина по повод 20 години Рамковен договор, изјави дека лидерот на партијата Али Ахмети одлучил на Генералниот совет на ДУИ да му предложи Рамиз Мерко да се кандидира за нов мандат на локалните избори на 17 октомври.
Уште еднаш ќе извојуваме победа. Ова, не само благодарение на сите овие јубилеи, туку и благодарение на работата што Рамиз ја заврши заедно со тимот, заедно со сите вас кои сте тука на панелот за трансформација на Струга. Нема патишта, нема булевари во Струга каде што не се работи. Нема проект што не се реализира. Нема проект со кој тој аплицирал до Владата да биде одбиен, рече Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.