Рамазанските и Велигденските празници да се чествуваат дома, а не по роднини и гости, тоа нема да не направи послаби верници, туку напротив, со тоа се грижиме за здравјето на нашите најблиски. Останете дома, колкушто е можно повеќе, сега херојство е да се седи дома и сите обврски да се извршуваат од дома, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Претходно Спасовски ги изнесе новите владини мерки, односно забарана за движење на граѓаните во работните денови кој ќе важи од 16 часот до 5 наутро, а за време на викендите нема да биде дозволено никакво движење.
Овие мерки стапуваат во среда од 18 часот, целта на овие мерки е заштита на јавното здравје и заштита на секој поединец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.