ремиерот на Албанија, Еди Рама, во денешното воведно обраќање на Економскиот форум за регионална соработка, му се обрати на премиерот Зоран Заев, велејќи му дека се надева оти преведот на неговиот говор нема да биде како оној од нивната последна средба.
„Ќе Ви се обратам на албански јазик, како што е договорено според принципите на форумот, но овој пат Зоран, се надевам дека не е тука истиот преведувач. Тој тогаш целосно ми ја упропасти пораката“, рече Рама.
На последната средба меѓу двајцата премиери, која се одржа на Економскиот форум во Скопје на 23 јуни, Рама беше нервозен и незадоволен од преведувачот, кој симултано ги преведуваше изјавите на македонски и на албански јазик. Откако неколку пати го предупреди дека тоа го прави лошо, Рама продолжи да зборува на англиски јазик, а на забелешката на преведувачот, тој само кусо му одговори – „живели“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.