Дел од раководството и членството на Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ. Трансферот на заедничка средба го официјализира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски.
Јас сум задоволен затоа што од овој момент и во деновите кој што следат ќе биде процес на окрупнување на опозицискиот фронт. Групации, здруженија на граѓани, поединци, политички партии се оние структури кои што ќе го окрупнат и омасовнат опозицискиот блок против оваа мафија која што денеска се наоѓа во Владата, порача Мицкоси на прес-конференција.
Потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски, кој беше носител на листа на Интегра за ИЕ 4 на последните избори, рече дека лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски, партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење сметајќи се себеси за пророк.
Поголемиот дел од претседателството, вклучувајќи ме и мене како потпретседател, меѓународниот секретар на Интегра, потоа носителот на изборната листа од петаата изборна единица, координаторот од И.Е 6, како и бројни носители на различни функции во рамките на претседателството, но и во лидерските тимови на Интегра одлучивме од денес да се интегрираме во ВМРО-ДПМНЕ, изјави Зафировски.
Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ поминуваат и поголемиот број претседатели и членови од општинските комитети на Интегра во Карпош, Центар, Велес, Битола, Ресен, Демир Хисар, Штип, Новаци, Могила, а таква најава има и од поголем број други општински комитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.