Мерните станиците повторно евидентираат огромна концентрација на ПМ-10 честички во воздухот, а синоќа најзагадено беше во скопската населба Лисиче (866 µg/m3).

И утрово најзагадено е во Лисиче. Мерните станици покажуваат концентрација на ПМ 10 честички од 151 µg/m3.

Веќе стана секојдневие картата на Македонија да ја гледаме обоена во црвено за загадувањето на воздухот, а властите најавија дека ќе воведуваат итни мерки доколку среднодневната концентрација на ПМ10 честичките во текот на два последователни дена е над 200 микрограми измерени на најмалку две мерни станици. Иако се забележува дека воздухот е загаден и повеќе од два дена, властите чекаат дожд и ветер да го исчистат воздухот.
Со итните мерки се препорачува да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфракт или мозочен удар без разлика на возраста. Исто така, треба да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот, забрана за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено и обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош, домашната помош и патронажната служба.
Лекарите предупредуваат дека ПМ честичките се причина за сериозни болести меѓу кои и малигни заболувања и препорачуваат кога е екстремно загадено да не се излегува надвор и да не се спортува на отворено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.