Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во 21 часот на првата прес-конференција објави голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова.
Правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува. Силјановска е изборот на народот. Гордана ќе биде! Првадата доаѓа. ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛДП, НСДП, целата власт. Против народот не се може, рече Јанушев.

Од 43% од обработените гласови Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ водат во голем број избирачки места и општини: Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аердром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода.
Од обработените податоци веќе победивме во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров, рече Јанушев.
Јанушев потсети дека изборна кампања помина со низа прекршувања, прогон, притисоци на власта, но дека имавме генерално мирен изборен ден.
Македонија ни дава сила, вечерва победува Македонија, вечерва победува правдата, стигнува правдата во Македонија! Честитоста наспроти неправдата, Македонија против Северна, македонската пролет се случува драги браќа и сестри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.