Сите песни што ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата на Радио Кавадарци, соопшти сопственичката на радиото Трајанка Ѓорчева Митрова преку „Фејсбук“.

Затоа им се извинуваме на нејзините фанови доколку сеуште ги има, што поради оваа ненамерна грешка нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци, додаваат таа.

Овој потег доаѓа по извинувањето на Тамара за погрешниот текст на македонската химна, кој како што кажа, ненамерно го погрешила.

Потегот на Радио Кавадарци беше поздравен и од Борис Дамовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.