Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот на Република Македонија Зоран Заев, кои денеска остваријa телефонски разговор, соопшти вечерва Кабинетот на бугарскиот претседател.

Радев и Заев, како што е наведено во соопштението, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете земји, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Република Македонија, како и за нејзината европска перспектива, јави дописникот на МИА од Софија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.