Претседателот на соседна Бугарија Румен Радев вели дека со претседателот Стево Пендаровски ќе ја објават заедничката јасна, заемна и политичка волја, но сепак подвлекува дека интеграциите на Македонија зависат од Бугарија.
Одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери. На ден имаме покани да разговарам со најмалку двајца премиери, еден претседател и еден еврокомесар. Така што кон Бугарија има големо внимание, нема да го кажам зборот притисок. Најважното е што Бугарија, како одговорен член на Европската унија да не дозволува во унијата да бидат внесени нови проблеми. Мислам дека начинот на решавање на сите проблеми, начинот на отворање на европскиот пат на нашите браќа од Република Македонија поминува пред се, преку Софија, вели Румен Радев.
Бугарскиот претседател се осврна и на заедничкото патување со македонскиот претседател во Рим, при што посочи дека заедно ќе демонстрираат јасна политичка волја дека ќе ги развиваат односите меѓу двете земји во духот на довербата и добрососедството
Заедно со претседателот на Република Македонија не само што ќе оддадеме почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, туку ќе патуваме заедно во еден авион. Со претседателот Пендаровски ќе ја објавиме нашата јасна и заемна политичка волја дека ќе ги развиваме односите меѓу нашите две земји во духот на довербатa, пријателство и добрососедство, изјави бугарскиот претседател Румен Радев,откако положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Софија.
Тој рече дека европскиот пат на Македонија е преку Софија и дека тоа е патот за решавање на сите проблеми, како што пренесуваат бугарските медиуми.
Да не заборавиме, додаде Радев, дека Бугарија е членка на Европската унија и тоа значи многу, а ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност.
Најважно е Бугарија, како одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми во Унијата, порача Радев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.