Претседателот на Бугарија, Румен Радев, од Брисел порача дека брзото движење на Република Македонија кон ЕУ зависи само од дијалогот со Бугарија.

Време е сите да разберат дека забрзувањето на европската перспектива за нашата најблиска држава зависи само од ангажманот и резултатите од дијалогот со Бугарија. Јасно е дека луѓето во РСМ се наши браќа и ние сме должни да им помагаме, како и секогаш. Бугарија останува отворена за брзи, успешни билатерални преговори во интерес на граѓаните на двете земји – изјави Радев по пристигнувањето на дводневниот Европски совет во Брисел.

Според Радев, Бугарија успеала да инсистира прашањето за почнување преговори со Скопје и Тирана да се отстрани од денешната агенда на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ.

Последните месец и половина, Бугарија беше под неверојатен притисок од европските партнери на денешниот Европски совет да ги започне преговорите за членство. Верувам дека разбраа оти обвинувањата против Бугарија се неосновани, дека имаме јасен став да најдеме излез од овој проблем и дека инсистираме на сигурни гаранции, на одржливи и неповратни резултати во билатералните односи. Време е да се излезе од семејната дипломатија пред камерите и да се фокусираме на прагматични решенија… Притисокот ќе продолжи, но ние докажавме овој месец и половина дека можеме да бидеме отворени за конструктивен дијалог и да иницираме дијалог на највисоко ниво – истана Радев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.