Oткако положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Софија, претседателот на Бугарија, Румен Радев, изјави дека дека одеднаш станал многу интересен за сите европски лидери и дека на ден има покани да разговара со најмалку двајца премиери, еден претседател и еден комесар.
Има многу внимание кон Бугарија, нема да го кажам зборот притисок – изјави Радев.
Тој сепак, истакна дека не треба да се заборави дека Бугарија е членка на Европската Унија и дека тоа значи многу, додавајќи дека ќе се обратат до другите членки на ЕУ за солидарност.
Најважно е Бугарија, како таква одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми во Унијата – порача Радев.
Бугарскиот претседател истакна дека европскиот пат на Република Македонија е преку Софија и дека тоа е патот за решавање на сите проблеми.
Тој истакна дека дека Бугарија ги развива односите меѓу двете земји во духот на доверба, пријателство и добрососедство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.