Наша должност е да ја поддржуваме Македонија, но не безусловно и безрезервно – истакнал бугарскиот претседател Румен Радев на средба со амбасадорите и постојаните претставници на Бугарија во странство во Софија.
Радев, како што пренесуваат бугарските медиуми, кажал дека билатералните односи се развиваат добро и оти се надминуваат замрзнатите конфликти и конфронтациите од минатото.
Потпишаниот Договор за добрососедство практично ја отклучи вратата на Македонија кон НАТО и ЕУ. Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува Македонија, тоа е наша должност кон нашите браќа таму, но јасно е дека поддршката не е безусловна и безрезервна. Треба да бидеме искрени и јасно да ги ставиме нашите црвени линии – вели Радев.
Според него, ако македонската страна се залага за ЕУ мора да гради добрососедски односи.
Има работа во врска со учебниците, книгите, медиумите, издавачите и телевизиите за да се исчисти се она што не оддалечува едни од други. Личните емоции не помагаат за тоа. Потребен е поголем ангажман на институциите – истакнал Радев.
Румен Радев најавил дека претседателот на Македонија Стево Пендаровски во септември најверојатно ќе ја посети Бугарија што ќе биде добра можност за дополнително зацврстување на односите и соработката меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.