Во македонското Собрание на инугурацијата на Стево Пендаровски покрај српскиот претседател беше и бугарскиот Румен Радев.
Тој на денешната средба истакна дека Софија ја поддржува нашата земја во евроинтергративните процеси.
– Давам категорична и силна поддршка за европската политика на Македонија. Треба да и помагаме да ги исполни условите за влез во Европската Унија, изјави Радев во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Како што пренесува МИА, Радев беше првиот со кој новиот претседател Пендаровски имаше тет-а-тет средба веднаш откако стапи на претседателкста функција.
Шефот на бугарската држава додаде дека го поканил претседателот Пендаровски да ја посети Бугарија и тој ја прифатил неговата покана.
– Дијалогот со Пендаровски продолжува. Македонија ни е најблиската држава. И двајцата се заложивме работата во врска со договорот за добрососедство да продолжи, рече Радев.
Новиот претседател Стево Пендаровски од денеска официјално во следните пет години ќе ја претставува земјата на меѓународната политичка сцена, а своите права и должности ќе ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.