Претседателот на Бугарија, Румен Радев, вчера имал средба со новоизбраната претседателка на Уставниот суд Добрила Кацарска, пренесуваат бугарските медиуми.

Радев вчера во својата резиденција, покрај со Кацарска, имал средба и со други судии од Уставниот суд на Македонија. На состанокот учествувале, како што се вели во претседателското соопштение, председателите на Уставните судови на двете земји, Борис Велчев и Добрила Кацарска.

Правната соработка помеѓу Бугарија и Република Cеверна Македонија во контекст на Европска интеграција на нашиот југозападен сосед беше во фокусот на состанокот. Шефот на државата изрази подготвеност на нашата земја да го сподели со Република Cеверна Македонија своето искуство во областа на уставното право и спроведените законски измени за време на пристапувањето на нашата земја во ЕУ, истакнал Радев по средбата.

Бугарскиот претседател, исто така, повикал на проширување на билатералниот дијалог меѓу Софија и Скопје на различни полиња и да се постигне одржлив резултат во градење на добрососедските односи меѓу двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.