Претседателот на Бугарија Румен Радев смета дека почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ треба да се одложат се додека не се најде билатерално решение, бидејќи, како што вели, се поверојатно е дека бугарските предлози нема да бидат дел од преговарачката рамка, и покрај настојувањата на бугарската Влада.
Очекувам бугарската Влада да се избори, во членот 35 од преговарачката рамка за Македонија да ја вклучи Националната рамковна позиција усвоена едногласно од Националното собрание пред една година. Сепак, се чини дека ова е сè поневеројатно и затоа има еден исход – одложување на преговорите до јасен правно – обврзувачки билатерален договор меѓу Бугарија и Република Македонија за расчистување на сите билатерални прашања, напиша Радев на Фејбук.
Во подолгата објава тој вели дека пристапувањето на Македонија во ЕУ е исклучително важно за регионот и Бугарија секогаш го поддржувала, но, Бугарија мора да има, како што вели, „јасни гаранции дека единството на бугарската нација и нашето културно-историско наследство никогаш нема да биде под знак прашалник од надворешни фактори“.
Како одговорна членка на Европската Унија, не можеме и не треба да дозволиме да внесеме нови нерешени проблеми во Унијата. Не можеме да дадеме европски легитимитет на омразата на Бугарија. Три години по потпишувањето на Договорот за пријателство, соседство и соработка со Македонија, за жал продолжуваме да бидеме сведоци на навредливи и недозволиви зборови за Бугарија, изјавил денеска Радев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.