Раде Кончар – Контактори и релеи ја информира јавноста дека недостатокот од регистарски таблички во државата во никој случај не е поврзан со
работењето на Раде Кончар – Контактори и релеи. Причината поради која во моментот Министерството за внатрешни работи се соочува со недостаток на регистарски таблички е задоцнетиот одговор на МВР, а не неисполнување на обврските на фабриката.
Раде Кончар – Контактори и релеи беше надлежен и одговорен за спроведување на договорот за изработка на регистарските таблички склучен со Министерствототo за внатрешни работи, до исцрпувањето на вредноста на рамката. Имајќи ја предвид сериозноста на состојбата, како единствен производител на овие таблички, благовремено го информиравме Министерството за внатрешни работи дека постои недостаток на регистарски таблички поради истек на договорот. Раде Кончар – Контактори и релеи ниту добиваше нарачки за изработка, ниту имаше законска можност да испорачува регистарски таблички во изминатиов период, стои во соопштението од Раде Кончар.
Од фабриката појаснуваат дека тендерот на МВР распишан лани во септември бил поништен, а постапката била повторена дури во април годинава.
Министерството дури во месец април донесе и одлука за избор на најповолен понудувач. Во оваа постапка, друг економски оператор е избран за најповолен понудувач, додека Раде Кончар – Контактори и релеи е елиминиран, па нашите права ќе продолжиме да ги остваруваме преку надлежните институции и во рамки на позитивните прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.