Се очекува работните групи на власта и опозицијата утре да продолжат со преговорите за Законот за јавно обвинителство. За утре е закажана и седницата на Комисијата за европски прашања на која ќе се разгледува владиниот предлог-закон.
Претседателот на ова тело, Артан Груби, веќе најави дека приоритет ќе има усогласувањето на ставовите на политичките партии со што се остава отворена можноста комисиската распарава да почне од следната недела.
Премиерот денеска изјави дека власта е подготвена да попушти, но запазувајќи ги црвените линии што подразбира продолжување на предметите отоврени од СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.