Напнат и работен ден во пропагандната кујна на СДСМ. Преписките што ги објави „Република“ дополнително ја зовреа неподносливата атмосфера во владејачката партија. Да се одбрани неодбранливото – да му се најде алиби на партислиот лидер како да не ја прифати понудената „морална“ оставка.

Видовме како лекари под партиска директива и со партиска поддршка се организираат во одбрана на министерот кој ги остави година и пол да работат во супстандардни услови, без ден одмор, без опрема, вакцини. Да го бранат министерот заради чијашто неспособност се изнагледаа мртви, им умраа луѓе на раце веројатно колку што не би им умреле во целиот работен век. Неверојатно, но во пораките видовме лекари кои пред сè се партиски војници со испрани мозоци.

Хипократовата банда на Филипче

Гебелсовата банда на Заев и Филипче

Во вториот ред на одбраната играат лажните вести. Пропагандната машинерија и нејзиниот мегафон: Лажни вести! Лажни вести! Лажни вести!

Видовме ТУКА колку се лажни вестите за кои велат дека се лажни.

Но, не им недостасува креативност. Оваа фотографија е всушност она што е лажно во целава паника.

Обид да се претстави лажна комуникација на ВМРО-ДПМНЕ за да се заведе јавноста дека вибер комуникацијата е всушност лажна


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.