Претседателите и претставници на на партиите од коалицијата „Обнова на Македонија” денесска во 17 часот ќе му бидат гости на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски и раководството на партија ќе одржи работен состанок со претставниците на коалициските партии.
На средбата ќе се разговара за преговорите со Бугарија и можната блокада на патот на европските интеграции. Ќе се носи заклучок кој ќе содржи јасни ставови во однос на преговорите со Бугарија и клучните прашања врзани со јазикот, историјата, идентитетот, положбата на македонското малцинство.
Во недостиг на информации од владата и без национален консензус за тоа што преговара Заев Коалицијата ќе дефинира позиции кои се во насока на заштита на стратешките државни и национални интереси.
По завршувањето на состанокот со коалицијата, околу 18 часот претседателот Мицкоски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе се упатат пред Владата, а оттаму Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.
Оваа средба доаѓа откако премиерот Заев буквално ја исклучи јавноста и опозицијата од било каков процес на разговори и без национален консезус на ваквите стратешки прашања. Сите општествени фактори од државава не се во тек со разговорите кои се однесуваат за европските интеграции, и посебноста на македонскиот јазик и нацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.