Владата на вчерашната 58-ма седница ја усвои информацијата за заклучокот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести на барање на Министерството за труд и социјална политика за ослободување од работа на одредени лица.

Хронично болните лица и родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, потоа бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, кои што претходно беа ослободени, остануваат безусловно и понатаму ослободени од работа, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома, соопштија од владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.