Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски за загинатите граѓани во сообраќајната несреќа на бугарска територија, јави ТАСС.
Прифатете го моето најдлабоко сочувство во врска со смртта на граѓаните на вашата земја, вклучително и деца и адолесценти, предизвикана од сообраќајна несреќа во Бугарија, се вели во текстот на телеграмата, објавена денеска на веб-страницата на Кремљ.
Путин упати молба да бидат упатени „искрени зборови на сочувство и поддршка на роднините и пријателите на жртвите, како и желби за брзо закрепнување на сите жртви“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.