Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
На средбата, соопшти Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во сферите од заемен интерес.
Претседателот Пендаровски и амбасадорот Баздникин разменија информации за состојбите во двете земји во контекст на пандемијата од Ковид-19, како и за справувањето со последиците на здравстен, економски и на социјален план.
Амбасадорот Баздникин, во пресрет на Денот на независноста 8-ми Септември, на претседателот Пендаровски му предаде честитка од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
Од Кабинетот на Пендаровски го проследија интегралниот текст на честитката од рускиот претседател:
Почитуван господине Претседател, примете честитки по повод националниот празник на вашата земја – Денот на независноста. Уверен сум дека унапредување на конструктивна билатерална соработка меѓу Руската Федерација и Македонија би им одговарало на интересите на нашите народи, би придонесувало за зацврстување на безбедноста и стабилноста на Балканот. Искрено Ви посакувам добро здравје и успеси, а на сите Ваши сограѓани мир и добробит. Со почит, В. Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.