Се сеќавате на слоганот „Pse Jo“ на минатите парламентарни избори кој го лансираше ДУИ.Партијата на Али Ахмети сметаше дека е дојдено времето Албанец да биде премиер и со тоа ја условуваа поддршката за влез во владата.

ДУИ дури и избра и кој ќе биде премиер а тоа беше Насер Зибери.

(фото: МИА)

Но плановите на ДУИ не се остварија и на крај мора да се согласат старо-нов премиер да биде Зоран Заев а на Зибери како утешна награда му го дадоа местото народен правобранител.

Кога беше соопштена оваа одлука ДУИ објави дека со нивниот коалициски партнер се договориле послдните три месеци пред истекот на владата премиерот да биде Албанец.

Но, внимавајте тоа е само усмен договор меѓу нив и ништо повеќе.Тоа не е никаков закон или пак недај боже во Уставот па Заев да мора да го почитува.

Денешната изјава на Заев токму тоа го потврдува дека тој заборавил или не сака да се сеќава на даденото ветување.

Премиерот во заминување Зоран Заев, на прашањето, дали со неговото заминување се поништува договорот со Али Ахмети за Албанец премиер на 100 дена пред парламентарни избори, во изјава за „Слободен печат“ вели дека нема коментар и се што имал кажал на својата последна прес-конеференција.

-Немам коментари повеќе. Кажав тоа што имам на последна прес конференција, одговори  Заев.

Она што е ставено во Законот за влада се стотте дена техничка влада согласно Договорот од Пржино. Но, таму не стои дека техничкиот премиер што го номинира партијата на власт  треба да биде Албанец.

Тоа останува на волјата на СДСМ, како партија, односно коалиција која  се уште има мнозинство во Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.