Оваа влада е најголемиот непријател на правдата, порача вечерва од Штип претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Затоа толку грчевито се бори за да ги задржи привилегиите и инсталациите во обвинителството. Така еднаш Заев ќе се пофали дека имал 2/3 за Законот за обвинителство, па кога ќе види дека нема, тогаш министерката ќе каже еве ќе го менуваме Советот на јавни обвинители, зошто таму не треба 2/3.
Мицкоски вели дека политиките на власта и на СДСМ имаат цел да се пресметаат со ВМРО-ДПМНЕ.
Па сами си ги кажуваат задните намери кои имаат две цели. Првата политички да се пресметаат со нас преку инсталациите во обвинителството и второ, да си го заштитат криминалот преку злоупотреба на судско обвинителскиот систем. Е така не може. Тоа нема да помине. И ако се надеваат на некакво ново Пржино, некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабено ВМРО кое ќе потпишува се и сешто, надополнето со по некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. Зошто ВМРО и јас како негов водач вам и на сите низ Македонија им ветувам правда, а за правдата не планирам компромис. Нека слушнат сите курири кои ми ги праќаат овие од криминалниот октопод за да преговараат за милост по поразот на изборите: нема милост за секој кој се огрешил пред законите и се посрамотил пред граѓаните. Ќе одговара. Не виткајте ја кичмата попусто, што сте дробеле, тоа ќе сркате. Ќе им бидете први соседи на тие што ги сместивте таму: Катица, Бојан Јовановски и Зоран Милески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.