Првпат слулам за тоа, дговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со новиот Предлог-закон за ЈО и ја стави раката на срце.
Следејќи ги неговите изјави со „рака на срце“, полесно ќе поверувавме ако речеше дека знае, но еве да му веруваме, во духот на борбата со лажните вести, дека навистина не знае што предлага Владата во законските ршенија што со негов потпис заминуваат во Собраието на изгласување. Но, и тоа е скандал со иста тежина.
Новинарско прашање: Во новиот закон за јавно обвинителство, во првичниот текст, има дел каде што се тврди дека сите истраги од новото обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе се процесуираат во специјализиран оддел во кривичниот суд. Дали тоа значи дека и со новото решение ќе имаме специјален оддел во судот или некој специјален суд?
Одговор на Заев: „Јас прв пат слушам за таква работа, го имам пролистано законот. За специјален суд формирање не. Специјален оддел мислам дека не. Прв пат слушам“.
Новинарот потоа го потсети премиерот дека станува збор за член 30, став 4, но Заев не можеше да се сети.
Рече ќе го прочита уште еднаш, па ќе даде дополнителен коментар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.