Нема ниту еден починат ковид-пациент во последните 24 часа, првпат по 10 месеци, а регистрирани се и само осум новозаразени од 3068 тестирања, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на информации од  Институтот за јавно здравје.

-Првпат по 2 септември 2020, денеска не бележиме ниту еден починат од Ковид-19. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, велат од Министерството за здравство.

Од новозаразените, тројца се од Скопје, двајца од Тетово и по еден од Велес, Кичево и Охрид.

Регистрирани се девет оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.

Направени се 3068 тестови преку: ИЈЗ-120, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–66, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-174, Авицена-275, Биотек-391, Систина-118, лабораторија Лаор-374, Синлаб-30, Ремедика-13, Плодност–107, Генеа–43, Никоб лаб-329, ВФВ Медикал-94, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 708.

Досега во земјата се направени вкупно 834 099 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 536, бројката на оздравени пациенти е 149 628, на починати е 5471, а бројот на активни случаи изнесува 437.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.