Ниту еден од пријавените кандидати нема да ја добие државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2019 година, одлучи Одборот за оваа награда која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Одборот за наградата, со кој претседаваше Катерина Блажевска, нема да ја додели наградата затоа што, како што е наведено во одлуката, ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.