Планот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од четири точки на лидерската средба бил прифатен. Тоа значи дека прво треба да даде оценка здравствената комисија за состојбата во однос на здравствената ситуација и можноста за оддржување на избори.

Потоа важно е да се обезбедат набљудувачи и се произнесе ДИК за тоа дали има услови за избори, за да на крај се обезбеди и определи датум за гласање.

Повеќето лидери се согласиле дека здравјето на граѓаните е најважно, идната недела следи нова лидерска средба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.