Понекогаш за да изградиш живот треба некој да умре, вели првиот вицепремиер Артан Груби за 20-годишнината од војната од 2001 година, цитирајќи го оџата Јакуп Асипи од Слупчане, кој во времето на конфликотот во 2001 година беше близок соработник на раководството на ОНА и кој од странство донесе околу 150 муџахедини да се борат на страната на ОНА.
Понекогаш за да изградиш живот треба некој да умре. А оние кои умираат за другите да живеат, тие се најискрени од Бога. Ова е целта на војната.”
(Јакуп Асипи – борец за слобода)
Слава им на мачениците на нацијата, порача Груби.
На чело со лидерот на ДУИ Али Ахмети и Груби, сите министри од партијата денеска се во Слупчане во Општина Липково на свечено одбележување на 20-годинишнината од војната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.