Вечерва во Кинотека на Македонија се одржува отворен состанок на иницијативниот одбор на Твоја партија, новата партија на политичката сцена, создадена од адвокатот Александар Тортевски, која во следниот период ќе утврди платформа, статут и модел на организација.
Правото и правната држава е нашата црвена линија и за тоа нема отстапка. Македонија да ја направиме пристојно место за живеење, тоа е голема задача, можеби и невозможна, но не се откажуваме. Веќе 30 години имам ангажман во таа насока и тешко ни оди, но не се откажуваме, рече Тортевски пред присутните.
Како приорите на новата партија ги наведе екологијата и економијата, а за остварување на своите цели, како што вели, ќе се обидат да го добијат најдобриот кадар во Македонија и нема да примаат пари од донатори.
На вечерашниот состанок присутвуваат, меѓу другите, и актерката и активистика Ирена Ристиќ и професорката Мирјана Најчевска, за која Тортески изјави:
Горд сум што со неколку разменети зборови со професорот Најчевска и ми се допадна ставот дека ни посочи под кои услови ќе влезе во партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.