Новите промени во статутот кои денес беа промовирани по ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, според првиот генерален секретар на партијата Борис Змејковски беа и повеќе од потребни.
Во изјава за „Курир“, Змејковски дава поддршка на промените во Статутот и вели дека овие промени биле потребни бидејќи тоа се промените на новото време. Посебно се осврна на тоа дека новиот Статут предвидува и Унија на ветерани, како и форум на интелектуалци на партијата.
Со Унијата на ветерани се дава должна почит на оние кои го понесоа првиот товар во Македонија и оние кои се бореа за идеалите на државата и партијата. Оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ, за многубројното членство значи споделување на заедничката идеологија, вели Змејковски, додавајќи дека на овој начин ќе се врати Унијата на ветераните и старото партиско членство кои со своето искуство и знаење можат многу да придонесат.
Со новиот Статут, вели Змејковски за „Курир“, се демократизира партијата и се доведува на ранг на европските партии, а осовена поддршка дава поддршка и за новитетот кој го донесе партијата, а тоа е што се дава можност на членството директно да учествува во изборот на претседатели на Општинските Комитети.
Според него, фактот што секој член ќе придонесува за изборот е позитивен чекор.
Змејковски оценува дека сега гласот на партискиот член ќе биде посилен од било кога. Оваа негова изјава ја темели со измените кои ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги најави, а тоа е дека мандатот на претседателот ќе биде во ограничен број.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.