Нервозни граѓани, револт, гужви, турканици. Прв ден вакцинација без закажан термин – состојбата по скопските поликлиники на раб на ескалација. Во Јане Сандански превентивно биле испратени полициски екипи, но не поради инциденти туку поради големите гужви – велат од МВР
Граѓаните кои го чекаа својот ред во поликлиниката Букурешт пред камерите на Телма се жалат дека нема никаква организација – возрасни граѓани на жешкото сонце чекаат и по 3-4 часа да дојде нивниот ред за вакцина.
Од поликлинитата пак категорични имаат полни раце работа – одзивот на граѓаните е голем. Иако беше најавено дека ревакцинацијата треба да биде во спортските сали, сепак се чекаше ред и за ревакцинација.
Надлежните топката ја префрлаат на граѓаните – сите сакале да примат вакцина во раните утрински часови.
И додека денеска во Букурешт веќе биле вакцинирани неколку деца на возраст од 12 до 16 години, а други чекаа вакцина – министерот Филипче денеска ги информираше родителите – дека мора да ги пријата на вакцинација.мк. и да добијат термин.
Првиот ден на слободно вакцинирање без закажан термин помина со многу нервози и гужви. Надлежните и граѓаните се надеваат дека од утре нема да биде ваква сликата пред вакциналните пунктови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.