По одлуката на Владата за прифаќање и времено сместување на цивилно население од Авганистан, Агенцијата ги презеде неопходните мерки и оперативни активности за организиран и безбеден прифат, како и за навремено превенирање и спречување од можни закани и ризици, вели за МИА директорот на АНБ Виктор Димовски.
Во овој контекст изработена е соодветна безбедносна проценка согласно која се реализира засилен безбедносен увид и контрола на прифатните пунктови, правците на транспорт и сместување. Најважно е дека граѓаните се безбедни, и немаат причини за загриженост. Засилените безбедносни мерки и интензивната комуникација со партнерските безбедносни сервиси ќе бидат континуирани за цело време на нивниот престој, а во функција за ефикасна заштита на националната безбедност, како и личната сигурност на авганистанските државјани. Мора да напоменам дека соработката досега е највисоко професионално ниво, и посветеноста од сите засегнати страни е за пофалба.
Паралелно со најавите за приемот на 650 авганистанци, на одредени портали и социјални мрежи се шират и лажни вести. Како Агенција, а со оглед на тоа што во 2020 година имате потрошено солидна сума за техника, преземате ли чекори за откривање на мотивот за ширење на такви вести или пак веќе имате информација која е позадината.
Не отфрлајќи ја политичката и безбедносната димензија, одлуката на Владата за прифати времено сместување на бегалците е мотивирана пред се, од хуманитарни причини. Се работи за лица кои во најголем број се новинари, претставници на граѓански и мировни организации и други општествени групи и кои активно работеле на создавањето на демократско општество во нивната држава во изминатите години. Сепак, и покрај транспарентноста и целосната отвореност сведоци сме на појава на обиди за пласирање на лажни вести и дезинформации кои имаат за цел да всејат страв и паника кај граѓаните, да поттикнат ксенофобија и да разгорат национализам со нескриен мотив да ја поткопаат довербата во институциите на системот. И покрај ваквите обиди, се покажа дека ваквите активности и повици не наидуваат на очекуваниот одзив што зборува зрелоста на нашите граѓани и нивната во повеќе наврати демонстрирана емпатија и подготвеност за солидарност и помош на луѓето во неволја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.