Министерот за надворешни работи на Република Кипар Никос Христодулидес на покана од шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска ќе престојува во прва официјална посета на Република Македонија. Како што соопшти МНР, министерот Христодулидес ќе биде примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски и од Оливер Спасовски.

На средбата предвидено е да се разговара за билатералната соработка и состојбата во регионот, особено за неговата европска и евроатлантска перспектива, како и за поддршката што Република Кипар и’ ја дава на Република Македонија во тој контекст, наведуваат од МНР.

Во фокусот на средбата ќе бидат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог во периодот што следи со цел збогатување и интензивирање на соработката во различни области.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.