57-годишна жена од Куманово е првата жртва од корона во Македонија, соопшти Венко Филипче, министер за здравство на денешната прес-конференција.
На жената постхумно и било утврдено дека има коронавирус. Биле земени два бриса, и резултатите два пати биле негативни. И покрај негативните резулатите, таа била третирана во изолација минатата недела во Куманово. Брис и е земен синоќа после смртта и тестот бил позитивен. Брисот е земен заради наглото влошување на состојбата, рече министерот.
Позитивен на коронавирус е и нејзиниот син кој има 37 години и со него биле во карантин. Тој се третира на Клиниката за инфективни болести во Скопје и е во стабилна состојба, информираше денеска Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.