Бебе кое се родило на ГАК е позитивно на корона вирус, објави „Телма“.

Тоа е изолирано во посебна просторија, и се смета дека е можно да е првото новороденче кое се заразило со вертикална трансмисија од мајката. Од клиниката за гинекологија ја потврдуваат оваа информација, но оставаат простор за сомнеж, бидејќи со тоа ова би било прв случај на вертикална трансмисија на Ковид 19 што до сега не беше докажано дека постои.

По препорака на министерството се прави уште еден тест и се чекаат резултатите. Ниту мајката ниту новороденчето немале симптоми што уште повиќе го подгрева сомнежот на докторите. Веднаш после породувањето се собрале и педијатрите за да ја утврдат здравствената состојба на бебето. Мајката пак имала позитивен тест, но само на еден антиген, а не на двата потребни, сега ќе се чекаат и нејзините резултати. Таа имала хроничен б хепатит, па поради тоа бебето морало итно да се даде на доење кај мајката.

До сега ваков случај не е потврден во земјава, па се очекува во текот на денот додатните испитувања да покажат дали е можно ковид 19 да се пренесува со вертикална трансмисија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.